Достапни линкови

Попис на Косово, пребројувањето на српското население е проблематично


илустрација

илустрација

Во првите пет дена од пописот на населението на Косово попишани се 750 илјади лица, соопшти Институтот за статистика во Приштина, напоменувајќи дека пребројувањето во населените места со претежно српско население не е на задоволително ниво. Во Грачаница, најголемата српска општина во централно Косово, досега се преброени 4.200 лица, од кои три илјади се Срби. Во северниот дел на Косово пописот не се спроведува, а институциите на српската Влада почнале акција со која појаснуваат зошто Србите не треба да учествуваат во пребројувањето. „Го поставуваме прашањето што се случи со 230 илјади Срби, кои беа протерани во 1999 и 2004 година и со нивниот имот, кој 11 години е узурпиран од Албанците“ изјави Горан Арсиќ, началник на Косовскиот округ, со седиште во Грачаница.
XS
SM
MD
LG