Достапни линкови

Украина не сака да се приклучи кон руската царинска унија


Виктор Јанукович

Виктор Јанукович

Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави дека Украина нема да се придружи кон царинска унија на чело со Русија и како алтернатива предложи потпишување на договор за слободна трговија. Во унијата на чело со Русија за сега членуваат Белорусија и Казахстан. Украинскиот претседател додаде дека неговата земја сака да финализира договор за слободна трговија со Европската унија. Сепак, се стравува дека овој потег би можел да ги загрози евроинтеграциите на останатите поранешни советски земји. Рускиот премиер Владимир Путин би требало да ја посети Украина на 12 април.
XS
SM
MD
LG