Достапни линкови

logo-print

Зголемени трошоците за живот


Трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во март годинава, во однос на претходниот месец се зголемени за 1,7 отсто, а во однос на март минатата година за 5,2 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на цените во март годинава во однос на претходниот месец е забележан кај храната и безалкохолни пијалoци за 3 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива за 2,9 отсто и транспортот за 1 отсто.
XS
SM
MD
LG