Достапни линкови

Во ЕП усвоена резолуцијата за напредокот на Македонија


Европскиот парламент со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата за напредокот на Република Македонија на патот кон ЕУ. Од вкупно 594 европратеници, кои зедоа учество во гласањето, за резолуцијата гласаа 506, против 44 и 44 беа воздржани.Инаку, Еврокомесарот Штефан Филе и унгарската министерка Енико Ѓори изјавија дека Македонија постигнала напредок во многу области, но и натаму треба да работи на реформите во политичкиот дијалог, правосудниот систем и слободата на медиумите. Филе изјави дека Македонија се наоѓа на вистинска раскрсница: или ќе продолжи на патот кон ЕУ или ќе заостане додека регионот напредува.
XS
SM
MD
LG