Достапни линкови

Силите на НАТО уништиле тенк на бунтовниците ?


Либијските бунтовници тврдат дека силите на НАТО уништиле нивен тенк во источниот дел на земјата. Од Алијансата соопштија дека ги разгледуваат извештаите за настанот. Во меѓувреме, силите лојални на лидерот Муамар Гадафи го обновија бомбардирањето на градот Мисрата, кој е под контрола на анти-владините сили. Режимот на лидерот ја обвини Британија за бомбардирање на најголемото нафтено поле Сарир при што бил уништен нафтоводот до Медитаронот. Бунтовниците, пак ги демантираат овие обвинувања, тврдејки дека лојалистите на Гадафи го уништиле нафтоводот.
XS
SM
MD
LG