Достапни линкови

Уапсен новинар во Белорусија, обвинет за навреда на претседателот


Новинар беше уапсен во Белорусија поради навредување на претседателот Александар Лукашенко. Дописникот на полскиот дневен весник „Газета Виборчза“ Андреј Поцобут бил уапсен во градот Хродна во западниот дел на Белорусија и сега се наоѓа во притвор. Новинарот се соочува со обвиненија за навреда на личната чест и достоинството на претседателот во своите натписи и преку интернет коментари. Доколку судот го прогласи за виновен, Поцобут може да добие затворска казна во времетраење од четири години.
XS
SM
MD
LG