Достапни линкови

Атифете Јахјага - Претседател на Косово


Атифете Јахјага
Атифете Јахјага

Заменичката на генералниот директор на полицијата на Косово Атифете Јахјага синоќа e избрана за Претседател на Косово. Таа беше заеднички кандидат за Претседател, на Демократската партија на Хашим Тачи, Демократскиот сојуз на Иса Мустафа и на Алијансата на ново Косово на поранешниот претседател Беџет Пацоли.

На вонредна конференција за печатот лидерот на Демократската партија Хашим Тачи изјави дека бил постигнат договор веднаш да се пристапи кон измени и дополнувања на Уставот во делот што се однесува на избор на претседател.

Политичката криза настана откако Уставниот суд на 28 март реши дека изборот на Беџет Пацоли за претседател бил неуставен. Според договорот што бил постигнат, измените на Уставот би требало да се извршат во што е можно најкраток рок, по што најдоцна за шест месеци да се одржат непосредни претседателски избори.

Атифете Јахјага и државниот секретар на САД Хилари Клинтон

Тачи изјави дека она што деновиве изгледало дека е невозможно, било остварено благодарение на надминувањето на партиските интереси во корист на државните. Експретседателот Пацоли, кој изјави дека немал никакви притисоци за да се повлече од повторната кандидатура, додаде дека не сакал да биде пречка и оти по овој договор коалицијата станала посилна.

Дипломираниот правник Атифете Јахјага е родена во Ѓаковица и е меѓу првите припаднички на косовската полиција. Јахјага на функцијата шеф на државата ќе биде до изборот на претседател на Косово на непосредни избори.
Дипломираниот правник Атифете Јахјага е родена во Ѓаковица и е меѓу првите припаднички на косовската полиција. Јахјага на функцијата шеф на државата ќе биде до изборот на претседател на Косово на непосредни
избори.

Нејзиниот избор, според оценката на американскиот амбасадор на Косово Кристофер Дел, претставува ново поглавје во историјата на Косово. Тој додаде дека договорот околу Јахјага, која како што рече, има голема поддршка од американската државна секретарка Хилари Клинтон, покажа дека лидерите на трите партии докажале оти можат да работат заедно за доброто на земјата.

Пред вчерашниот состанок, вршителот на должноста претседател, Јакуп Красниќи, одржа консултации со опозициските партии на кој не бил постигнат договор.


„Во прашање се консултативни разговори за да се види какви се ставовите на партиите, со цел во идната недела да свикаме заеднички состанок на сите политички субјекти.“

Станува збор за исполнување на неколку услови со цел пратениците да бидат присутни на седницата на собранието кога ќе се избира новиот претседател.

„Нашите барања се реформа на изборниот систем, Претседателот да се избира директно, и да се одреди временски рок за парламентарни избори“, изјави Иса Мустафа од Демократскиот сојуз на Косово.

И движењето Самоопределување ги изнесе своите услови за присуство на собраниската седница.

„Објаснивме дека нашата соработка со другите политички субјекти зависи од исполнување на нашите услови. Прекин на спроведувањето на планот на Ахтисари, прекин на разговорите со Србија и да не дојде до приватизација на телекомуникациите на Косово без строги критериуми“, изјави потпретседателот на Самоопределување Глаук Коњуфца.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG