Достапни линкови

Силите на Гадафи го бомбардирале градот Мисрата


Силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи го обновиле бомбардирањето врз градот Мисрата кој е под контрола на бунтовниците. Новинскате агенции прецизираат дека притоа биле употребени тенкови и тешка артилерија. Мисрата е последното упориште на бунтовниците во западниот дел на земјата. Во меѓувреме, режимот на Гадафи ја обвини Британија за бомбардирањето на најголемото нафтено поле Сарир при што бил уништен нафтоводот до Медитаронот. Гадафи испратил писмо до американскиот претседател Обама во кое бара прекин на како што наведува, неправедната војна.
XS
SM
MD
LG