Достапни линкови

Обама: Продуктивен состанок за буџетот


Американскиот претседател Барак Обама одржал, како што оцени, продуктивни разговори во Белата куќа со лидерите на Конгресот во надеж да се избегне запирање на активностите на владата. Претходно, демократите и републиканците не успеаа да изнајдат компромис за федералниот буџет. Доколку до него не дојдат до утре, тогаш в сабота повеќето служби на владата ќе бидат затворени. Републиканците бараат длабоки кратења на трошоците со цел да се намали големиот буџетски дефицит, но демократите велат дека тоа ќе го наруши економското заздравување на земјата.
XS
SM
MD
LG