Достапни линкови

Почна четиридневниот штрајк на грчките новинари


Новинарите во Грција денеска стапија во четиридневен штрајк во знак на протест поради отпуштањата и владините мерки на штедење. Телевизиските и радио станиците до понеделник нема да емитуваат вести, а весниците ќе се појават во вторник. Агенциите јавуваат дека на новинарите им се придружиле и другите вработени во медиумите. Социјалистичката влада заради смирување на длабоката финансиска криза, ги намали платите и пензиите и ги зголеми даноците.
XS
SM
MD
LG