Достапни линкови

logo-print

Атифете Јахјага кандидат за претседател на Косово


Поранешниот претседател на Косово Беџет Пацоли

Поранешниот претседател на Косово Беџет Пацоли

Заменичката на генералниот директор на полицијата на Косово Атифете Јахјага од синоќа е заеднички кандидат на Демократската партија на Хашим Тачи, Демократскиот сојуз на Иса Мустафа и Алијансата на ново Косово на поранешниот претседател Беџет Пацоли. Јахјага деновиве во косовското собрание ќе биде предложена на таа функција заедно со уште еден кандидат, како што предвидува Уставот. Политичката криза настана откако Уставниот суд на 28 март реши дека изборот на Беџет Пацоли за претседател бил неуставен.
XS
SM
MD
LG