Достапни линкови

Заврши расправата во ЕП за напредокот на Македонија


Еврокомесарот Штефан Филе

Еврокомесарот Штефан Филе

Еврокомесарот Штефан Филе и унгарската министерка Енико Ѓори во името на унгарското претседателство на дебатата во ЕП го оценија извештајот за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес како урамнотежен. Двајцата со слични пораки дека Македонија постигнала напредок во многу области, но и натаму треба да работи на реформите во политичкиот дијалог, правосудниот систем и слободата на медиумите. Филе изјави дека Македонија се наоѓа на вистинска раскрсница или ќе продолжи на патот кон ЕУ или ќе заостане додека регионот напредува.
Денеска напладне европратениците се повикани да гласаат за предложениот текст на резолуцијата од страна на бугарскиот европратеник Кристиан Вигедин.
XS
SM
MD
LG