Достапни линкови

Карзаи нареди истрага за смртта на шест лица


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи нареди да се спроведе истрага за смртта на шест лица, кои загинаа во напад на НАТО силите и за кои има спротиставени тврдења околу нивниот идентитет. Во понеделникот војниците на Алијансата нападнаа куќа во покраината Сари Пул, при што 6 лица загинаа, а 4 беа уапсени.
Според локалните авганистански власти жртвите биле цивили, додека ИСАФ тврди дека биле бунтовници.
XS
SM
MD
LG