Достапни линкови

Кацин: Лидерите да ја извлечат Македонија од самонаметнатата изолација


Јелко Кацин

Јелко Кацин

„Одговорноста на сегашната генерација лидери во Македонија е да ја извлечат својата земја и нејзините граѓани од самонаметнатата изолација од европските интеграции, а не да ги чекаат следните избори“, изјави потпретседателот на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа Јелко Кацин. „Жителите во Македонија ги делат истите интереси со своите соседи во регионот; иднината на целиот западен Балкан е во Европската унија. Доколку Скопје не овозможи преговори, таа иднина ќе изгледа многу далечна“ вели Кацин кој констатира дека Македонија веќе шест години чека датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија. „Компромисот во спорот за името би ги отворил вратите за продолжување на евроатланските интеграции и за подобра иднина на граѓаните на Македонија од сите националности“ смета потпретседателот.
XS
SM
MD
LG