Достапни линкови

Владина Антикорупциска комисија?


Опозицијата обвинува дека власта формира нов состав на Антикорупциската комисија во кој си постави партиски војници кои ќе ја заштитат од истрага за сторениот криминал.

Новиот состав на Антикорупциска комисија и нејзиното формирање пред изборите за експртите и опозицијата е остварување на целта на власта во институцијата да бидат поставени партиски војници. Четворица од новозибраните се актуелни антикорупционери. Сегашниот и претходниот претседател Илми Селами и Мирјана Димовска, како и Зоран Додевски и Љубинка Муратовска. На нив ќе им се придружат Сејди Халили, Љубинка Коратовска и Воислав Зафировски.

Пратеникот на СДСМ, Владо Бучковски вели дека Комисијата треба да биде алатка која пред се ќе ја користи опозицијата за да превенира евентуално коруптивно однесување на
Тоа говори дека стравуваат од сериозно преиспитување на дел од јавните набавки кои пред се поврзани со ,,Скопје 2014“ и овој последен скандал кој го тресе ВМРО ДПМНЕ околку срамната трампа на една неизградена зграда во центарот на Скопје
власта и ние сме единствената држава во Европа во која без присуство на опозицијата се бира нов состав на институцијата.

„Тоа говори дека тие стравуваат од сериозно преиспитување на дел од јавните набавки кои пред се поврзани со „Скопје 2014“ и овој последен скандал кој го тресе ВМРО-ДПМНЕ околку срамната трампа на една неизградена зграда во центарот на Скопје со три модерни згради што ги има македонскиот Телеком.“

Си постави ли владата послушници во Антикорупциската комисија?

Првиот човек на Транспарентност Македонија Сашо Ордановски вели дека со оглед на сомневањата за сериозни злоупотреби и криминал за време на оваа власт, јасно е дека таа нема да си дозволи во антикорупциска да бидат луѓе кои нема да бидат послушни и кои нема да ги заштитуваат нејзините интереси.

„Тоа не е никакво изненадување, како што не е изненадување и дека
Тоа не е никакво изненадување, како што не е изненадување и дека повторно e примена г-ѓа Димовска која што се покажа како исклучително послушна и извршителна кон врвовите на власта во смисла на блокирање на секаква инцијатива која што би констатирала некакви злоупотреби од страна на власта.
повторно e примена г-ѓа Димовска која што се покажа како исклучително послушна и извршителна кон врвовите на власта во смисла на блокирање на секаква инцијатива која што би констатирала некакви злоупотреби од страна на власта.“

И Бучковски и Ордановски сметаат дека власта се брзала со формирање на новиот состав на Комисијата од страв дека ќе изгуби на изборите и со тоа да се заштити од истрага.

„Ним им јасно дека Антикорупциската комисија ќе се занимава со сите оние проневери и скандали што се поврзани со нивното владеење и веројатно се обидуваат на овој начин да обезбедат една институција која нема докрај да ги истражи сите сомневања што ги има во јавноста за нивниот криминал и корупција.“

„Па ја променија затоа што кога ќе ги изгубат изборите тогаш другата власт што ќе дојде ќе сака нов состав, така што овие сакаат да ги обезбедат т.н. сите резервни позиции, што значи дека и ако изгубат на избори да не може да се случи да ги изненади со Антикорупциска комисија која всушнот ќе се ја работи работата.“

Мандадот на членовите на комисијата власта преку законски измени им го скрати од пет на четири години. Новиот состав треба да биде изгласан од пратениците на собраниска седница.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG