Достапни линкови

Бугарија повлекува 37 амбасадори поради соработка со тајни служби


Бугарија донесе одлука до крајот на годината да повлече 37 амбасадори и дипломати од висок ранг кои во време на комунизмот соработувале со тајните служби, соопшти денеска бугарското Министерство за надворешни работи. „Сите 37 дипломати од висок ранг за кои е откриено дека биле агенти или соработувале со комунистичките тајни служби ќе бидат отповикани до крајот на годината“ изјави портпаролката на министерството Весела Чернева. Вкупно тринаесет амбасадори, меѓу кои од амбасадите во Берлин, Атина, Пекинг и Стокхолм, како и амбасадорот во Обединетите нации и УНЕСКО ќе бидат вратени во Бугарија на 1 мај. Именувањето на нови амбасадори и нивото стапување на функциите се очекува на почетокот на јуни.
XS
SM
MD
LG