Достапни линкови

logo-print

По урнекот на светските метрополи, на плоштадот во Куманово поставен е видеобим преку кој граѓаните ќе може да се информираат за случувањата во градот.

По урнекот на светските метрополи, на големиот Градски плоштад во Куманово поставен е видеобим на кој ќе биде рекламирана оваа локална самоуправа, правните субјекти кои функционираат во неа, а за многу активности граѓаните ќе можат да се информираат додека шетаат или, пак, поминуваат дел од времето на клупите. Планирано е Градскиот информатор преку видеобимот да информира и за работата на локалните
За целокупната состојба во државата, во градот Куманово. Добро е бидејќи информацијата е најскапа на свет.
јавни претпријатија.

Градскиот информатор е поставен по принципот на јавно-приватно партнерство. Приватната фирма која ја поставила опремата и која технички ќе го одржува видеобимот вложила околу 600 илјади денари.

Кумановци, пак, од сите возрасти кои поминуваат и по неколку пати дневно на овој плоштад, како и оние кои и претпладне и попладне другаруваат и по два-три часа на плоштадот, го поздравуваат овој потег. Иако поголемиот дел од нив воопшто не забележале дека такво нешто постои, токму пред нивните погледи.

РСЕ: Какви информации треба да има на Градскиот информатор?

„За целокупната состојба во државата, во градот Куманово. Добро е бидејќи информацијата е најскапа на свет.“

РСЕ: Знаете ли дека има Градски информатор?

„Не. Што треба да информира. Јас на пример, сум бил бранител во кумановско-липковскиот регион, имам и членска книшка и уверение, имам 35 години работен стаж и бараме предвремена пензија. Треба да има и такви информации.“
Воопшто за младите, да бидат упатувани како да најдат работа, како да се обучат, а не само одат на Биро, се пријавуваат и ништо. Треба да има и огласи, локалната смаоуправа треба да води грижа и за тоа.


РСЕ: Што сакате да има на Градскиот информатор?

„Не, ништо.“

„Воопшто за младите, да бидат упатувани како да најдат работа, како да се обучат, а не само одат на Биро, се пријавуваат и ништо. Треба да има и огласи, локалната смаоуправа треба да води грижа и за тоа.“

„Не сум информиран и не ме интересира воопшто.“

„Не, не“, велат кумановци кои и оваа како и сите новини во градот ќе ја прифатат по извесно време.

Тие најчесто се информираат еден од друг, а многу малку од медиумите. Им треба време неопходните информации да ги бараат и да ги добиваат од Градкиот информатор.

Локалната самоуправа вакви видеобимови планира да постави уште на неколку места на плоштадот.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG