Достапни линкови

Друцас: Либија нема иднина со Гадафи


Димитрис Друцас (десно)

Димитрис Друцас (десно)

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алемајне цајтунг“ изјави дека светот не гледа иднина за Либија со сегашниот лидер на земјата Моамер Гадафи. Друцас вели дека либискиот режим нема друга опција освен политичко решавање на кризата. „Тоа е прв, важен чекор, но ние не можеме да ги приближиме решенијата се додека Триполи одолговлекува, додека поставува услови“ дополнува Друцас. Тој ги демантира и наводите дека Гадафи би можел да добие азил во Грција. Атина се залага за политичко-дипломатско решавање на кризата во северноафриканската земја. Грција ја прифати Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, но не учествува во бомбардирањето на силите лојални на Гадафи.
XS
SM
MD
LG