Достапни линкови

logo-print

ВМРО - ДПМНЕ: СДСМ манипулира со бројки


Илија Димовски

Илија Димовски

Манипулацијата со бројки која ја направи Дане Талевски е доказ дека во СДСМ немаат намера да ја говорат вистината или е доказ дека тој зборува апсолутни невистини. Талевски треба се обиде да направи разлика меѓу две категории, а тоа е бројот на население што го има Република Македонија и бројот на државјани согласно со регистерот на државјани, изјави директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, како реакција на денешната прес-конференција на СДСМ.
Димовски посочи дека во Република Македoнија има над два милиони населениe, но оти во истовреме Република Македонија според регистерот на државјани има над два милионa и 400.000 државјани, а според Уставот право на глас имаат државјаните со наполнети 18 години.
XS
SM
MD
LG