Достапни линкови

logo-print

Македонскиот јазик именуван како „официјален“ во резолуцијата на ЕП


Македонскиот јазик се именува како „официјален“ во Резолуцијата за напредокот на земјата кон Европската унија, за кој денеска и утре ќе се расправа во Европскиот парламент. „ Мојата држава го призна уставното име на земјата, но прашањето за јазикот останува, исто како и за името на државата. И ова прашање многу брзо ќе си го најде соодветното решение“ вели во интервју за „Дојче Веле“ бугарскиот европратеник Кристиан Вигенин, кој го замени Зоран Талер како претставник на Македонија пред Европскиот парламент.
XS
SM
MD
LG