Достапни линкови

logo-print

Роберт Гејтс во посета на Саудиска Арабија


Американскиор државен секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска е во официјална посета на Саудиска Арабија каде ќе се сретне со Кралот Абдула на разговори за немирите во арапскиот свет. Во Саудиска Арабија, најголемиот американски сојузник во регионот, немаше немири како во Египет, Тунис и другите арапски земји. Денешната посета на Гејтс е негово трето патување во регионот во изминатиов месец. Портпаролот на Стејт Депатментот Џеф Морел изјави дека разговорите исто така ќе се фокусираат на иранската нуклеарна програма, која се смета за голема закана за регионалната стабилност.
XS
SM
MD
LG