Достапни линкови

Македонија и Косово потпишаа Договор за одбегнување на двојното оданочување


Македонија и Косово потпишаа Договор за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија. Од македонска страна договорот го потпиша вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а од косовска министерот за финансии Бедрик Хамза. Потпишувањето на Договорот овозможува граѓаните на двете држави да не плаќаат двапати данок на доход и данок на капитално остварените приходи. Според двајцата министри, Договорот треба да ги зголеми инвестициите, да ја зголеми трговската размена, да ги унапреди односите меѓу двете земји и да ја подобри бизнис-климата. „Тоа е голема придобивка за бизнисите и за зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Косово“ изјави Ставрески по потпишувањето на Договорот. Косовскиот министер појасни дека нема да има негативни импликации врз буџетот, туку напротив поради зголемените инвестиции и размена ќе се зголемат и приходите во народната каса.
XS
SM
MD
LG