Достапни линкови

Нападната резиденцијата на Гбагбо во Абиџан


Силите лојални на лидерот Аласан Уатара, меѓународно признатиот победник на претседателските избори на Брегот на слоновата коска, ја нападнале резиденцијата на претседателот во заминување Лаурент Гбагбо во главниот град Абиџан. Силите лојални на Гбагбо, кој одбива да ја отстапи лидерската позиција, ги обвинија нивните противници за обид за атентат. Портпаролот на Утара потврди дека на војниците им било наредено да не го убиваат Гбагбо, кој најверојатно се крие во бункер. Во интервју за француски медиум екс- лидерот изјави дека нема намера да си замине од лидерската позиција, спротивно на вчерашните тврдења дека со Гбагбо се преговара за тој со семејството да замине од земјата. Повеќе од 1,500 лица загинаа во немирите во Брегот на слоновата коска.
XS
SM
MD
LG