Достапни линкови

logo-print

Нови протести во Јемен, повици за странска интервенција


Десетици илјади демонстранти протестираат во јужниот дел на Јемен денеска во знак на незадоволство од 32 годишното владеење на претседателот Али Абдула Салех. Протестите во Таез се случуваат откако вчера полицијата уби едно лице а повреди триесетмина. Меѓународната „Амнести Интернешнл“ апелираше за странска интервенција во земјата со цел спречување на насилствата во кои од почетокот на годинава загинаа стотина лица. Во немирите кои избиваат во неколку Градови во Јемен неделава загинаа 20 демонстранти. Пентагон соопшти дека за сега нема планови да испрати војници.
XS
SM
MD
LG