Достапни линкови

Инцидент во Авганистан, НАТО обвинета за смрт на цивили


Авганистанската полиција соопшти дека британски војници предизвикале сообраќајна несреќа во која загинала една жена. Претставник на полициските сили во Кабул првично изјави дека две жени и еден маж биле убиени поради „недоразбирања меѓу безбедносните сили“. Портпарол на НАТО потврди дека имало инцидент во кој биле инволвирани мировници на АЛијасата, но не понуди дополнителни информации. Цивилните жртви се претвораат во горливо прашање во Авганистан, во услови на тензии кои ги создаде палењето на куранот во црква во Соединетите американски држави.
XS
SM
MD
LG