Достапни линкови

logo-print

Косово - консултации за избор на Претседател на државата


Беџет Пацоли - ќе биде ли повторно Претседател

Беџет Пацоли - ќе биде ли повторно Претседател

Лидерите на косовските партии започнаа консултации за излез од институционалната криза предизвикана од поништувањето на изборот на Беџет Пацоли за претседател на Косово од страна на Уставниот суд во Приштина.На консултациите кои ги води косовскиот в.д. претседател Јакуп Красниќи се разговара за можниот претседателски кандидат зад кој би застанале мнозинството пратеници во Собранието.
Приштинскиот весник „Коха Диторе“, повикувајќи се на меѓународни дипломатски извори, наведува дека на вчерашната средба на косовскиот премиер Хашим Тачи со сега веќе поранешниот претседател Беџет Пацоли и лидерот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа, не бил постигнат никаков компромис.
XS
SM
MD
LG