Достапни линкови

НАТО ќе стори се за заштита на цивилите во Мисрата


Про владини сили во Мисрата - 28 Март

Про владини сили во Мисрата - 28 Март

НАТО денеска вети дека ке стори се за да ги заштити цивилите на бунтовничкото упориште Мисрата, изјави портпаролот Кармен Ромеро.
Командантот на либијските бунтовнички сили Абдел Фатах Јунис претходно го критикуваше НАТО дека со забавените операции им овозможува на владините сили да убиваат цивили. Според него, доколку НАТО не си ја извршува работата прoписно, тогаш опозиционите борци ќе побараат од Советот за безбедност на Обединетите нации да ја суспендира работата на Алијансата. Советот за безбедност во минатиот месец дозволи воздушни напади со цел стопирање на силите на Гадафи да убиваат цивили кои се бунтуваат против неговото владеење.
XS
SM
MD
LG