Достапни линкови

logo-print

Судењето на Берлускони за секс со малолетничка одложено


Карима ел Маруг

Карима ел Маруг

Денеска во Милано започна но веднаш беше одложено до 31 Мај судењето на 74 годишниот италијанскиот премиер Силвио Берлускони, кој е обвинет дека и плаќал на малолетната Мароканка Карима ел Маруг, наречена Руби, за сексуални услуги и оти ја злоупотребил службената должност. Берлускони не се појави на почетокот на процесот поради порано преземени обврски, а не се појави ни Карима. Инаку, вчера долниот дом на италијанскиот парламент усвои резолуција која има цел да се избегне судењето на Берлускони, односно се бара од Уставниот суд да реши кој треба да му суди на премиерот, сметајќи дека судот во Милано не е овластен да го прави тоа.
XS
SM
MD
LG