Достапни линкови

Запрено истекувањето радиоактивна вода од Фукушима


Операторот на оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима соопшти дека е постигнат успех во запирањето на контаминираната вода со висок степен на радијација да истекува во Тихи Океан. Според компанијата ТЕПКО, операцијата била изведена со инјектирање на течно стакло и агенс за стврднување во близина на пукнатината од која истекуваше големо количество на високо-радиоактивна вода. Пукнатината е поврзана со вториот рактор на Фукушима, чиј систем за ладење е оштетен од земјотресот и цунамито кои ја погодија Јапонија на 11 март.
XS
SM
MD
LG