Достапни линкови

Одложени работите на бугарската нуклеарка Белене


Реализацијата на нуклеарниот проект „Белене“ е замрзната на три месеци поради загриженоста околу безбедноста, која се интензивираше по нуклеарната криза во Јапонија, соопштија бугарските власти. Во соопштението на бугарското електроенергетско претпријатие НЕК се наведува дека оваа фирма и руската нуклеарна компанија „Атомстројекспорт“, на кои им е доверена изградбата на нуклеарката „Белене“ со два реактора со капацитет од по 1.000 мегавати, се согласиле да ја одложат работата на проектот до крајот на јуни.
Овие две компании потпишаа меморандум за разбирање според кој ќе бидат прекинати градежните работи на локацијата на централата на Дунав и одложени нарачките на нова опрема за бугарската нуклеарка.
XS
SM
MD
LG