Достапни линкови

Ратко Младиќ веројатно е мртов, тврди неговата сопруга


Босилка Младиќ

Босилка Младиќ

Сопругата на Ратко Младиќ, обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства, Босилка Младиќ, изјави пред судот дека нејзиниот сопруг најверојатно е мртов. „Тој имаше три мозочни удари. Ако беше жив, ќе сакаше да најде начин да се јави“ изјави денеска Босилка Младиќ на судскиот процес пред Првиот основен суд во Белград по обвинение за незаконско поседување на оружје. Таа не оспорува дека во нејзиниот стан било најдено оружје, но рече дека не знаела што има во плакарот. Босилка тврди дека не е во контакт со својот сопруг веќе десет години, откако тој го напуштил нивниот дом во белградскиот кварт Баново брдо - од април 2001 година.
XS
SM
MD
LG