Достапни линкови

Тројца загинати во протестите во Јемен


Тројца загинале во денешните немири во Сана, главниот град на Јемен. Демонстрантите бараат оставка од претседателот Али Абдула Салех. Уште петнаесет лица биле повредени во контра – протестите на подржувачите на лидерот кои се судриле со анти – владините демонстранти. Исто толку повредени има и во градот Таиз во јужниот дел на земјата, каде очевидци тврдат дека вооружените сили стрелале кон насобраните. Претходно, шефот за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон испрати апел до Салех да си замине од лидерската позиција.
XS
SM
MD
LG