Достапни линкови

Се преговара за примирје во Брегот на Слоновата Коска


Лојалистите на Лаурент Гбагбо преговараат да се предадат, соопштија од Обединетите нации. Гбагбо со своето семејство се забарикадира во претседателската резиденција во главниот град на Брегот на слоновата коска, одбивајки да ја предаде лидерската функција на меѓународно признатиот претседател Аласан Оутара. Во преговорите се разговара за заминување на Гбагбо, потврди францускиот министер за надворешни работи Алан Жупе. Станува збор и за судски и безбедносни гаранции за Гбагбо и неговото семејство, потврди портпарол на екс-лидерот. Претходно, Обединетите нации соопштија дека лојалистите на непризнатиот претседател напаѓале претставници на светската организација и цивили.
XS
SM
MD
LG