Достапни линкови

logo-print

Двојно поголем увоз од извоз, трговски дефицит од половина милијарда долари


Mакедонија извезла стоки од 599,1 милиони долари во периодот јануари-февруари годинава, а увезла дупло повеќе - производи вредни 1, 097 милијарда долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. За два месеци трговскиот дефицит на Македонија се проценува на речиси половина милијарда американски долари. Покриеноста на увозот со извоз е 54,6 проценти. Во извозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, а во увозот земјите-членки на ЕУ и земјите во развој. Според вкупниот обем на надворешно трговската размена најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Русија, Србија и Бугарија.
XS
SM
MD
LG