Достапни линкови

Камерон: Односите меѓу Британија и Пакистан се некршливи


Односите меѓу Британија и Пакистан се „некршливи“, изјави денеска во Исламбад британскиот премиер Дејвид Камерон. „Од закоренетите врски меѓу нашите луѓе, милионската пакистанската дијаспора во Обединетото кралство, 1,4 милиони патници меѓу двете земји, се` до подобрениот стратешки дијалог кој го официјализиравме денеска – нема сомнеж за силата на врските меу Пакистан и Британија“ рече Камерон. Официјалната посета на британскиот премиер се случува девет месеци откако беше предизвикан дипломатски спор, кога за време на посетата на ривалската Индија, Камерон ги обвини пакистанските власти за неуспехот сериозно да се справат со извозот на тероризам. Ова е прва официјална посета на британскиот лидер на Пакистан, откако тој ја превзема функцијата во мај минатата година.
XS
SM
MD
LG