Достапни линкови

Ново државно задолжување за раздолжување со македонското стопанство


Министерството за финансии денеска повторно се задолжи на домашниот пазар со издавање на шестмесечни записи во вредност од од 1.680.980.000 денари со девизна клаузула и 160.000.000 денари без девизна клаузула. Утре, како што информираат од државната институција, по основ на доспеани државни записи, ќе се исплатат 2.790.200.000 денари или 950 милиони денари повеќе отколку што се повлекоа денеска. Од Министерството тврдат дека на овој начин го спроведуваат барањето на бизнис заедницата за намалување на задолжувањето по основ на државни записи.
XS
SM
MD
LG