Достапни линкови

logo-print

Повеќе од 45% од младите во Македонија перспективата ја гледаат надвор од државата. За експертите ништо чудно во земја со висока невработеност.

Дали во иднина се гледате тука или надвор од границите на државата?

„Надвор.“

Зошто?

„Затоа што ништо не функционира тука.“

Овој млад човек го сретнавме пред да отиде на договорениот разговор за работно место. Вели дека работа бара веќе неколку месеци, но за жал безуспешно.
Работев тука, но лоши беа условите за работа, лоши финансиски услови и тоа... Во Македонија сега се враќам само
за одмор.

„На интервју, па после ќе речат ќе ти се јавиме и тоа е, ќе чекаш.“

Разочараноста од условите во кои работел за друг млад граѓанин пак, била главната причина поради која заминал од земјава.

„Работев тука, но лоши беа условите за работа, лоши финансиски услови и тоа... Во Македонија сега се враќам само за одмор.“

По работа во ЕУ?

Една млада девојка од Бугарија го подели искуството во нејзината земја.

„Ако стажирате, ако имате пракса по студирањето, лесно е да си најдеш работа. На пример, фирмата каде што стажирате помага да добиете работно место.“

Иако според последните истражувања на невладиниот сектор, повеќе од 45
Треба да водат сметка за инвестирање во капитални инвестции, со тоа би се отвориле повеќе работни места, ќе има повеќе надеж и тогаш и младината и интелектуалците нема да заминуваат од
земјата.
проценти од младите својата перспектива ја гледаат надвор од државата, има и такви кои оптимизмот не ги напушта.

„Јас ќе се потрудам, ако не крајно решение би било да заминам надвор од државата.“

Економските аналитичари сугерираат владата да го пренасочи трошењето на парите, и наместо изградба на спортски објекти, да се фокусира на отворање на нови работни места.

„Треба да водат сметка за инвестирање во капитални инвестции, со тоа би се отвориле повеќе работни места, ќе има повеќе надеж и тогаш и младината и интелектуалците нема да заминуваат од земјата“, изјави професор Мирач Хани.

Истражувањата на коалицијата за млади СЕГА покажале дека 30 проценти од вкупната млада популација во земјата се невработени. Еве ги препораките на оваа невладина организација која ја спровела анкетата.

„Она што се препораки од нашето истражување се однесуваат на развивање на посебни политики за вработување на младите на национално и на локално ниво, да им помогнат најмногу на младите да отвораат свој бизнис, да се интензивинира и правилно насочува практичната настава, да се воспостави континуирана соработка помеѓу бизнис-секторот и образовните институции за да се воведе практичната настава, да се промовираат различни типови на вработување кај младите“, изјави Зоран Илиоски од Коалицијата за млади.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG