Достапни линкови

logo-print

Кантримен: Црна Гора има потенцијал за владеење на правото


Томас Кантримен

Томас Кантримен

Американскиот заменик државен секретар Томас Кантримен изјави дека верува оти Црна Гора, како и нејзините соседи, има потенцијал и може да успее во спроведувањето на владеењето на правото. „За црногорската Влада, меѓутоа, круцијално е да покаже политичка волја и во она што го зборува и во она што го прави“ рече Кантримен во интервјуто за подгоричкиот весник „Вијести“. Тој појасни дека Владата не треба да говори кои се целите туку да обезбеди финансии за институциите кои припаѓаат на народот - полицијата, правосудството. Заменик државниот секретар како пример ја наведе Хрватска, која, како што изјави, пред само седум години одлучила дека ќе стори се за да се приклучи кон ЕУ и осознала дека најтешкиот дел е владеење на правото и почнала веднаш да работи на тоа. Денес, додаде Кантримен, таа е на вратите на ЕУ, а и натаму е најтешко да ги исполни условите од таа област.
XS
SM
MD
LG