Достапни линкови

logo-print

Партиите почнаа со дефинирање на програмите за изборната кампања. Што не чека?

Иако во изборната кампања ќе доминираат теми од економијата, евроинтегративните процеси и меѓуетничките односи, секоја од партиите си има свој приоритет. Постабилна Влада и Парламент, решение на спорот со името и деблокирање на евроинтеграциите, очекува ДУИ по изборите. Централна тема во програмата со која ќе настапи оваа партија на предвремените избори е
Сите албански политички партии повикуваат на нови договори или некакви договарања помеѓу етничките заедници, но ние сметаме дека Рамковниот договор е најдобрата платформа или рамка којашто дава одговор на овие барања или потреби на албанскатa
заедница.
заснована на целосно спроведување на Рамковниот договор, изјави Ермира Мехмети:

„Сите, да речеме, албански политички партии повикуваат на нови договори или некакви договарања помеѓу етничките заедници, но ние сметаме дека Рамковниот договор е најдобрата платформа или рамка која што дава одговор на овие барања или потреби на албанската заедница.“

СДСМ веќе подолг временски период ја изработува својата изборна програма. Главна тема ќе биде економијата. Како да се привлечат повеќе инвестиции, да се отворат нови работни места, да се зголеми стандардот на граѓаните, да се намали невработеноста и да се намали сиромаштијата во оваа земја. Тоа се приоритети кои ќе доминираат, изјави Владо Бучковски:

Што ќе ја одбележи претстојната изборна кампања?

„Зошто токму ова? Едноставен е одговорот, 35 отсто од граѓаните на Македонија живеат во сиромаштија и не можат да го закрпат месецот и разбирливо е зошто ќе доминираат економските теми и подобрување на економската состојба во државата која е катастрофална.“

Продолжување на реформите во јавната админстрација, продолжување на реформите во економијата, продолжување на чекорите на патот кон ЕУ и НАТО. Ова ќе бидат приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, изјавуваат и во оваа партија.

Што можеме да очекуваме на овие избори по што партиите ќе се разликуваат една од друга? Политичките аналитичари не веруваат дека
Сигурно и едните и другите и третите во кампањата ќе имаат делови за економијата, но како ќе тече кампањата јас мислам дека за жал и овој пат премногу ќе се троши енергија и на меѓусебно навредување и на прашањето за името.
ништо битно ќе се промени. Ќе ни пуштат еден дел за економија во своите прогарами, а всушност се во најголем дел ќе се сведува на меѓусебна дисквалификација, вели политичкиот аналитичар Здравко Савески:

„Сигурно и едните и другите и третите во кампањата ќе имаат делови за економијата, но како ќе тече кампањата, јас мислам дека за жал и овој пат премногу ќе се троши енергија и на меѓусебно навредување и на прашањето за името.“

Савески очекува дека клучното прашање, да ја отвориме и зацврстиме, да стане јасна и недвосмислена европската иднина и перспектива на оваа земја исто така ќе биде тема околу која партиите ќе се натпреваруваат, но дека главно и тоа ќе биде тема за меѓусебни препукувања и префрлања на одговорноста.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG