Достапни линкови

Нови борби во Абиџан


Во главниот град на Брегот на Слонова Коска, Абиџан денеска биле обновени борбите за превземање на претседателската функција. Доцна синоќа силите на меѓународно признатиот претседател Аласане Оутара објавија дека ја освоиле резиденцијата на екс претседателот Гбагбо, во Абиџан, но нема потврда за оваа информација. Хеликоптери на Обединетите Нации и на Франција отвориле оган врз позициите на силите на Гбагбо, со цел да ги заштитат цивилите. Американскиот претседател Барак ОБама повторно побара од Гбагбо да ја почитува волјата на гласачите и да се повцлече од функцијата.
XS
SM
MD
LG