Достапни линкови

logo-print

Јапонија бара помош за Фукушима од Русија


Нуклеарната централа Фукушима

Нуклеарната централа Фукушима

Јапонија побара од Русија да испрати пловечка пречистителна станица што се користи за затворање на реакторите во нуклеарните подморници, за да им помогне да се справат со радијацијата од атомската централа Фукушима, која беше оштетена во неодамнешниот земјотрес и цунами. Пловилото Лендиш може да ги обработува радиоактивните течности и да го складира отпадот во цврста агрегатна состојба. Бродот се користи за да се спречи исфрлање нуклеарен отпад од деактивираните нуклеарни подморници. Работниците од Фукушима почнаа да ја испумпуваат контаминираната вода во Тихиот Океан за да направат место за нова.
XS
SM
MD
LG