Достапни линкови

Србија го уапси човекот што го бомбардираше Дубровник


Божидар Вучаревиќ

Божидар Вучаревиќ

Србија соопшти дека го уапсила Божидар Вучаревиќ кој е обвинет дека го наредил бомбардирањето на Дубровник во 1991 година. Полицијата соопшти дека го уапсила Вучаревиќ на границата меѓу Босна и Србија по потерницата издадена од Хрватска. Сега се чека Хрватска да побара екстрадиција за да му суди. За време на бомбардирањето на градот, заштитен како културно наследство од УНЕСКО, Вучаревиќ бил градоначалник на босанското градче Требиње, што се наоѓа во планините над Дубровник. Вучаревиќ е босански државјанин и еден од основачите на Српската демократска партија во БиХ.
XS
SM
MD
LG