Достапни линкови

Дејвид Камерон утре во посета на Пакистан


Британскиот премиер Дејвид Камерон утре е во официјална посета на Пакистан на разговори за подобрување на стратешкиот дијалог, соопштија пакистанските власти. Од Министерството за надворешни работи на земјата соопштија дека Камерон ќе допатува на еднодневна посета на Исламбад по покана на премиерот Росуф Газа Гилани. Посетата се случува девет месеци откако Камерон се вмеша во дипломатска кавга помеѓу Британија и Пакистан во која беа нагласени обвиненија за „извоз на тероризам“. Сепак, по разговорите во Лондон во Август, Камерин и неговиот пакистански колега изјавија дека врските меѓу нивните земји се „неранливи“
XS
SM
MD
LG