Достапни линкови

logo-print

Шефот на турската дипломатија се сретна со претставникот на либиската Влада


Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу денешната средба со претставникот на либиската Влада ја оцени како многу важна. Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Либија, Абдел Ати ал Обеиди, кој беше во Атина, денеска пристигна во Анкара.
Давутоглу рече дека Турција ќе продолжи да прави се` за да стави крај на страдањата на либискиот народ. Тој истакна дека Анкара е во контакт и со опозицискиот Нациоонален совет. Обеиди беше во Атина каде се сретна со премиерот Јоргос Папандреу и со министерот за надворешни работи Димитрис Друцас. За утре е предвидено да ја посети Малта. Турција во последните недели контактира и со претставниците на Моамер Гадафи и со опозицијата со цел да се стави крај на судирите во Либија
XS
SM
MD
LG