Достапни линкови

logo-print

Чартер авион принудно слета во Атина поради дојава за бомба


Авион „Боинг“, што вршел чартер лет за компанијата „Томсон ервејз“ од Велика Британија за Египет, принудно слета во Атина поради закана за бомба, соопштија грчките власти. Во авионот се наоѓале 213 патници, од кои сите се добро, соопшти претставник на грчкото Министерство за одбрана. Авионот патувал од Брисел за туристичкиот град Шарм ел Шеик.
Според грчките власти два борбени авиони Ф-16 и хеликоптер Супер пума го придружувале авионот до меѓународниот аеродром во Атина каде непречено слетал. Заканата за бомба била телефонски дојавена до туристичката компанија „Томсон“ во Велика Британија, соопшти грчката државна телевизија.
XS
SM
MD
LG