Достапни линкови

Друцас: Гадафи нема да емигрира во Грција


Министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас денеска ги демантираше неофицијалните тврдења кои се појавија во јавноста дека либискиот лидер Моамер Гадафи би можел да емигрира во Грција. „Не станува збор за тоа“ изјави шефот на грчката дипломатија Друцас за една локална радио станица во Атина по повод шпекулациите во јавноста дека либискиот лидер ќе добие азил. Овие тврдења се појавија синоќа, кога премиерот Јоргос Папандреу го прими на разговор либискиот министер за надворешни работи Абдулатиј ал Обеида. До средбата во Атина дојде по телефонски разговор меѓу либискиот премиер Али ал Махмуди со Папандреу. Либискиот претставник Ал Обеида денеска по посетата на Грција ќе отпатува во Анкара, по што ќе замине за Малта.
XS
SM
MD
LG