Достапни линкови

Почина Доста Димовска


Директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, Доста Димовска по кратко боледување денеска почина во Софија. Димовска беше на високи државни и партиски функции. Во 1991 e избрана за заменик-претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата во Прилеп. До 1994 е пратеник, а во тој период раководи со парламентарната Комисија за меѓународни односи. Во 1998 година, Димовска е избрана за вицепремиер во кабинетот на Љубчо Георгиевски. Од декември 1999 година до мај 2001 година е министерка за внатрешни работи. Во 2002, година поднесува оставка од партиските функции од партиски причини. На 25 февруари 2002 година е назначена за директорка на Агенцијата за разузнавање, а функцијата ја напушта на 5 мај 2003 година.
XS
SM
MD
LG