Достапни линкови

Дванаесетмина загинати во протести во Јемен


Јеменските вооружени сили стрелале кон демонстрантите во југот на земјата. Дванаесетмина загинале а десетици се повредени, потврдија болнички извори. Немирите во градот Таиз, јужно од главниот град, траат веќе втор ден. Демонстрантите бараат оставка на претседателот Али Абдула Салех кој е на власт 32 години. Немири избија и во градот Худаида во западниот дел на земјата. Полицијата фрлала солзавец и стрелала кон насобраните. Повеќе од 50 лица загинаа во протестите во неколку градови низ земјата во изминативе неколку недели.
XS
SM
MD
LG