Достапни линкови

logo-print

Можни проблеми на грчкиот пазар за горива


Не е исклучено во следните денови да се појават проблеми на пазарот за горива во Грција поради десетневниот штрајк во „Хеленик петролеум“ кој почна вчера, јавуваат грчки медиуми. Штрајкувачите бараат повеќе самостојност во новите бази во Солун и Елевсина кои допрва ќе бидат пуштени во експлоатација. Стравувањата се дека е можен недостиг од горива бидејќи компанијата контролира над 60 отсто од пазарот на горива во Грција. Дистрибуторите велат дека има доволно залихи од гориво на бензиските станици, и при недостиг би се компензирало од рафинериите на Мотор оил. Во меѓувреме изби и спор меѓу управата на компанијата и синдикатите за висината на платите на вработените.
XS
SM
MD
LG