Достапни линкови

Обвинувања за криминал без разрешница


Едните обвинуваат за проектот ,,Скопје 2014", другите за аферата ,,Надеж"
Едните обвинуваат за проектот ,,Скопје 2014", другите за аферата ,,Надеж"

Наместо на суд, меѓупартиските обвинувања за криминал и проневерени милионски суми се сведоа на прес-конференции.

Едните обвинуваат за криминал во проектот Скопје 2014, другите за перење пари во аферата Надеж. Меѓупартиските препукувања на сметка на политичкиот ривал станаа наше секојдневие. Потребата да се нападне другата опција за тоа дека постои криминал во некои од проектите што ги релизира стана очигледна и се повеќе присутна.
Но она што е исто така е состојба која што ние ја следиме во текот на годините е дека ниту една од тие афери коишто се обелоденуваат за време на избори понатаму не се процесуираат низ институциите.


Но, зошто тоа се прави на прес-конференции, а не преку надлежните органи кои треба да испитаат дали навистина има криминал? Еве што вели Слаѓана Тасева од невладината Транспарентност Македонија:

„Кај нас досега изборите се губат поради тоа што се тврди дека некои биле криминалци или биле корумпирани, и луѓето најчесто гласаат против тој. Тоа го користат политичарите во изборната кампања, но она што е исто така е состојба која што ние ја следиме во текот на годините е дека ниту една од тие афери кои што се обелоденуваат за време на избори понатаму не се процесуираат низ институциите.“

Основен суд Скопје. Наместо да „мафтаат“ пред граѓаните, доказите нека ги доставуваат пред надлежните органи, порачуваат експертите

Аналитичарот Љуљзим Хазири, пак, вели дека политичките субјекти немаат волја да се справат со криминалот. Потребата од гласно и само декларативно говорење за милионски суми злоупотребени за лични или партиски интереси е резултат и на сомневањата во независноста на судството, вели Хазири.

„Мислам дека граѓаните треба да се научат да не подлегнат на вакви предизборни дела затоа што ако веќе имаат аргумент не треба да мафтаат
Мислам дека граѓаните треба да се научат да не подлегнат на вакви предизборни дела затоа што ако веќе имаат аргумент не треба да мафтаат пред граѓаните со такви документи, туку постојат судови кадешто треба да ги посочат тие документи.
пред граѓаните со такви документи, туку постојат судови каде што треба да ги посочат тие документи.“

Според Тасева, покрај политичарите, виновни за ваквата слика се и надлежните органи кои треба да бидат независни и својата работа треба да ја извршуваат независно од политиката.

„Видовме што се случи после аферата со Талер во Европскиот парламент. Веднаш реагираа институциите, гледаме што се случува во сите други држави освен кај нас. Кај нас, сите вакви случаи поминуваат за време на избори. Најлошо од се е што институциите не реагираат, значи не се независни и не се доволно професионални.“

Во согласност со законските процедури, секој граѓанин во земјава има право да поднесе кривична пријава ако има сомневање за кривично дело. Експертите потсетуваат дека јавното обвинителство може да покрене постапка дури и врз основа на слушнат глас.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG